Денес во малата сала при НУЦК „Бели мугри“ – Кочани започна реализацијата на Проектот „Изработка и изложба од Оригами“ кој е како дел од Годинешната програма на оваа институција.
Ученици од основните училишта од Кочани под менторство на Александар Богданов изработија Оригами кои по завршувањето на работилницата беа поставени во Салон „Фоаје 1“ во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани.
Изложените Оригами како дел од изложбата ќе можат посетителите да ги погледнат во следните две седмици во време додека работи институцијата.
Овој Проект е финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија а Координатор на истиот е Севдалинка Станкова.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ