Денеска, во салата на Мултикултурниот центар, Општина Кочани ја организираше првата јавна презентација по Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани.

Претставници на изработувачот на планот, ДТУ БИЛД УРБАН од Скопје пред присутните го образложија нацрт-планот со технички број 0801-458/20 од февруари 2025 г., со плански опфат со површина 69,12 ха, дефиниран со следните граници: oд исток – по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“; oд југ – по оската на сервисната улица „Димитар Влахов“ и осовината на железничка пруга Скопје – Кочани; oд запад – по оската на сервисната улица „ Роза Петрова“; oд североисток – по оската на собирната улица „Страшо Ербапче“.

Присутните граѓани имаа можност јавно да ги искажат своите мислења и барања и да ги прашуваат одговорните за влијанието на новопланираните објекти за колективно домување врз постојната инфраструктура.
До 4 март 2026 година граѓаните од конкретното подрачје можат да пополнат анкетен лист за Деталниот урбанистички план за градска четврт 13 од ГУП за град Кочани во кој до Општина Кочани ќе ги достават своите забелешки и предлози.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
