SUPPORTKOCANI, ТРАНСПАРЕНТНА ВТОРА РАСПРЕДЕЛБА НА ДОНАЦИИ

ноември 9, 2025
1 минути

Во рамките на заедничката сметка за донации преку SupportKocani која беше отворена по трагедијата, сите пристигнати средства се целосно распределени на лицата што беа директно погодени.

-Вкупно 137 лица потпишаа изјава за потреба од помош и беа вклучени во распределбата;

-Секое лице доби подеднаков износ, со цел праведност и транспарентност;

-Средствата потекнуваат од компании, здруженија, групни акции и хуманитарни настани организирани во земјата и во странство

Целиот процес беше спроведен со внимание, отчетност и во координација со засегнатите страни, со единствена цел: помош за секој што беше погоден.

  • Вкупно донации – бруто – 10.944.793,00 МКД;
  • Опфатени 137 лица,
  • По лице – нето, 71.900,00 МКД,
  • На име Персонален данок ПДД  се исплатени вкупно 1.094.493,00 МКД

Од SupportKocani изразија голема благодарност до сите оние кои ги донираа средствата.

SupportKocani

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ