Во рамки на заедничката сметка за донации преку Support Kocani која беше отворена по трагедијата, сите пристигнати средства се целосно распределени на лицата што беа директно погодени.
Вкупно 142 лица потпишаа изјава за потреба од помош и беа вклучени во распределбата.
Целиот процес беше спроведен со внимание, отчетност и во координација со засегнатите страни, со единствена цел: помош за секој што беше погоден.
Сите средства за третата распределба на донации потекнуваат од „Македонска православна епархија за Европа“ и ослободени од провизија од НЛБ “Тутунска банка“
Вкупно донирани бруто 3.153.204 македонски денари
Распределени по Одлука на донаторот: Нето
123 лица по 15.968 МКД и 19 лица по 45.992 МКД
На име персонален данок ПДД се исплатени вкупно 315.292 МКД од вкупниот износ на бруто донации.
На име персонален данок ПДД платен на државата за сите три распределби до сега се испатени вкупно 2.274.285 МКД од вкупниот износ за бруто донации кои изнесуваат 22.742.997 МКД
Support Kocani
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
