Ознака: градежни активности
КРПЕЊЕ УДАРНИ ДУПКИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЛИВНИ РЕШЕТКИ ОД ПОЛИМЕР БЕТОН
Во тек е постапката за избор на економски оператор што ќе работи на пополнување на ударните дупки на сообраќајниците на подрачјето на Општина Кочани. Утре ќе се отвораат пристигнатите понуди, па бидејќи не е предвидена е-аукција, се очекува договорот за крпење ударни дупки набргу да започне да се реализира. Долг е списокот на улиците евидентирани…
АКТУЕЛНИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО КОЧАНИ
Со средства од општинскиот буџет, според планираните активности од Програмата за уредување на градежното земјиште, во тек се бетонирање на пристапни улици, уредување на пешачки површини и изградба на потпорни ѕидови. Според стручните служби, бетонирани се делови од улиците „1 Мај“, „Вера Попова“, „Крум Вранински“ и крак 1 и крак 2 од улицата „Стамен Манов“,…
СЕ ГРАДАТ ПОТПОРНИ ЅИДОВИ НА НЕКОЛКУ ЛОКАЦИИ ВО КОЧАНИ
Деновиве во тек е изградбата на армирано-бетонски потпорни ѕидови, на неколку локации во Кочани. Во Бели се гради потпорен ѕид на влезот во селото во должина од 50 м, кој ја дели сообраќајницата од селските гробишта, градба со која се создава и простор за движење на пешаците. На улицата „Пролетерски бригади“ во Кочани, изграден е…
ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО „ЛЕСНА ИНДУСТРИЈА“ И „УСОВА ЧЕШМА“
На неколку локации во општина Кочани се одвиваат градежни активности за уредување на патната и комуналната инфраструктура. Во Лесна Индустрија се поставени цевки за атмосферска и фекална канализација и веќе се работи на машински ископ за порамнување на теренот за изградба на улицата „Новопроектирана 1“. Тековните работи ги изведува „Калина“ од Оризари, а во наредниот…
БЕТОНИРАЊЕ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ И ПОПЛОЧУВАЊЕ ТРОТОАРИ
Продолжуваат работите за уредување на јавните површини во општина Кочани. Избраните изведувачи работат на бетонирање на крак од улицата „Пролетерски бригади“ и поставување бехатон плочки на делови од тротоари на улиците „Први мај“, „11 Октомври“ и „Мородвиска епископија“. Деновиве заврши и преуредувањето на тротоарот од левата страна на „Кеј на Револуцијата“, на потегот од ТТК…
