Ознака: Карате Клуб Кочани

НАТАЛИЈА КАРОВА ТРЕТА НА ПЛЕЈ-ОФФ НАТПРЕВАРОТ ЗА ПЛАСМАН НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО
Денес Скопје беше домаќин на Плеј-офф натпреварот каде победниците од секоја категорија обезбедуваа пласман за претстојното Европско Првенство што ќе се одржи следната година во Полска. Во борба за највисок пласман учествуваа четирите најдобро пласирани од секоја категорија од Државното првенство. Наталија Карова како единствен претставник од Карате Клуб „Кочани“ настапи во категоријата У-21 до…

НАТАЛИЈА КАРОВА ТРЕТА НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО
Денес Скопје беше домаќин на Државното Првенство во карате за кадети, јуниори и У-21. Карате Клубот „Кочани“ учествуваше со двајца натпреварувачи од кои Наталија Карова – категорија У-21 до 50 килограми го освои третото место и бронзениот медал, додека Илија Охомуш настапи о категорија У-21 до 75 килограми и на крајот се пласираше на 5-тото…

ОД ОСУМТЕ КАРАТИСТИ НА „КОЧАНИ“, ШЕСТ СЕ ЗАКИТИЈА СО МЕДАЛИ
Во организација на Карате Клуб „Цветан Димов“ од Скопје а по повод 50 години Карате Клуб „Цветан Димов“ и спомен на прерано починатиот Игор Лазарев, во саботата во Скопје се одржа Меѓународен карате турнир „Гран При – Скопје 2024“. На турнирот учествуваа повеќе од 600 натпреварувачи од: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Бугарија,…

КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ СО 20 МЕДАЛИ ОД „ДОЈРАН ОПЕН 2024“
Во Саботата (02.11.2024 година) во организација на Карате Федерацијата на Македонија Дојран беше домаќин на Меѓународниот карате турнир „Дојран Опен 2024“ Карате клуб „Кочани“ – Кочани, зеде учество со 13 натпреварувачи од кои неколкумина се натпреваруваа во повеќе категории и освоија вкупно 20 медали од кои 10 златни, 3 сребрени и 7 бронзени. Носители на…

КАРАТИСТИТЕ НА „КОЧАНИ“ СО ОСУМ ОСВОЕНИ МЕДАЛИ НА „ЗЛАТЕН КУП“
Во организација на Карате Клуб „Шкендија“ а со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија во текот на вчерашниот ден (Сабота) во тетово се одржа меѓународниот карате турнир „Златен куп“. Каратистите на „Кочани“ настапија со 6 борачи од кои неколкумина имаа настап и во две категории за да на крајот освојат вкупно осум медали од кои…

ТРИНАЕСЕТ МЕДАЛИ ЗА КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ НА ТУРНИРОТ „НИКОЛА ГРДАНОВСКИ – НИКЕ“
Скопје беше домаќин на 43. Меѓународен карате турнир „Никола Грдановски – Нике“ на кој учествуваа натпреварувачиу од карате клубови од Македонија Црна Гора, Бугарија и Косово., Карате клубот „Кочани“ на турнирот учествуваше со 10 натпреварувачи од кои неколкумина се натпреваруваа во повеќе категории а имаа и еден екипен настап. Освоени се дванаесет медали (2 златни,…

КАРАТЕ ТУРНИР „ТЕТОВО ОПЕН 2024“, 11 МЕДАЛИ ЗА КАРАТИСТИТЕ НА КОЧАНИ
Во организација на Карате Клуб „Фати“ од Тетово а со поддршка на Карате Федерацијата на Македонија денес во Тетово се одржа карате турнирот „Тетово Опен 2024“. Каратистите на Кочани учествуваа со осум натпреварувачи и освоија 11 медали од кои 3 златни, 5 сребрени и 3 бронзени. – Алексеј Ристов 2016 -30кг. 1 место – Алексеј…

НАТАЛИЈА КАРОВА ОБЕЗБЕДИ УЧЕСТВО НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО
Во организација на Карате Федерацијата на Македонија денес во Кичево се одржа „Бергер турнир“ кој всушност е продолжение на на „Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21“ кој мината недела се одржа во Охрид. Од карате Клуб „Кочани“ единствен натпреварувач што минатата недела обезбеди право за учество на овој „Бергер турнир“ беше Наталија Карова…

КУП НА МАКДЕОНИЈА ЗА КАДЕТИ, ЈУНИОРИ И У-21, НАТАЛИЈА КАРОВА ОБЕЗБЕДИ ПЛЕЈ-ОФФ
Градот Охрид денес беше домаќин на „Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21“ на кој учествуваа речиси сите карате клубови од Македонија. Екипата на карате Клуб „Кочани“ од Кочани настапи со тројца натпреварувачи. Лука Ѓоргиев настапи во категоријата „кадети“ до 57 килограми и загуби во репасажот, односно во борба за третото место со што…

ЗА ГОЛЕМИОТ ЈУБИЛЕЈ, КАРАТЕ КЛУБ „КОЧАНИ“ ВО НОВИ ПРОСТОРИИ
За големиот јубилеј, 25 години постоење, Карате Клуб „Кочани“ се всели во нови простории кои се сместени до влезот на ЕВН, односно во некогашните простории на дисконт „Ки-Ки“ – Кочани. Салата ги нуди сите оптимални услови за несметано работење, односно за спроведување на тренинзите, а има и помошна просторија (соблекувална) каде се чуваат сите потребни…
- 1
- 2