Ознака: петровден
„ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“ – РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ДО 09. ЈУЛИ
В сабота и недела, 11 и 12 јули, од 9:30 до 12 ч. во Градскиот парк во Кочани најмладата популација има можност да се забавува со Игри без граници. Родителите на децата од 9 до 12 години треба да изразат интерес со електронско пријавување, со што се согласуваат нивните деца да учествуваат во забавата. В…
ОПШТИНА КОЧАНИ – КОРИГИРАНА ПЕТРОВДЕНСКА ПРОГРАМА
Во прилог е програмата за Петровден, коригирана, дополнета со архиерејската литургија на 12 јули во „Св. вмч. Георгиј“ – Кочани. Ви благодариме за објавата. Општина Кочани КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ПЕТРОВДЕН – ПРАЗНИКОТ НА КОЧАНИ
Општина Кочани подготви тридневна програма за одбележување на Петровден – празникот на Кочани, со настани од културен, духовен, музички, спортски и забавен карактер, наменети за сите генерации. Одбележувањето започнува в петок, 10 јули, со традиционалниот прием на првенците на генерацијата и наградените ученици, како признание за нивните постигнувања и успеси. Главните празнични активности продолжуваат на…
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА „ПЕТРОВДЕНСКИ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ 2026“
Во пресрет на петровденските празнувања, Општина Кочани и годинава го организира Петровденскиот турнир во мал фудбал, за што распиша јавен повик за фудбалските екипи, кои најдоцна до 19 јуни 2026 година треба да се пријават за учество на турнирот. Екипите треба да уплатат котизација во износ од 3 000 денари на сметката: 210041087870107 – депонент…
РЕГИОНАЛЕН САЕМ НА МУЗИЧКИ ВЉУБЕНИЦИ ВО ВИНИЛОТ
Во Градскиот парк во Кочани се одржа Регионален саем на музички вљубеници во винилот. На саемот беа присутни десетина излагачи од Македонија, Црна Гора, Србија, и Бугарија, кои понудија музика на сите класични носачи на звук – грамофонски плочи, компакт-дискови и аудиокасети. Вљубениците во музиката на винили имаа можност да ги дополнат своите колекции…
ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ – КОЧАНИ 2025 ЗА ЕКИПАТА НА „АЛЕ-ДАР“
Екипата на „Але-дар“ е победник на овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал. На теренот на СРЦ „Бавчалук“, во финалето „Але-дар“ ја совлада екипата на „Исток турс Цуфле“ со резултат 7 : 3. Третото место го освои тимот на „Денка транспорт“. Најуспешните екипи добија ваучери од 60, 30 и 15 илјади денари. За најдобар играч на…
КОМЕМОРАЦИЈА ЗА ЗАГИНАТИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“
В сабота, 12 јули, со почеток во 16:30 ч., во салата на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи комеморација за загинатите во пожарот во „Пулс“ во Кочани. На настанот што го организира Општина Кочани со поддршка од Општинската организација на Црвен крст – Кочани, ќе им биде оддадена почит на загинатите…
ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА
Во пресрет на Петровден, по вечерната празнична богослужба во црквата „Св. великомаченик Георгиј“, на која чиноначалствувaше митрополитот Брегалнички г. Иларион, беше организирана литија до Градскиот парк, која заврши со осветување и кршење на празничниот колач. Упатените молитви за здравје и благосостојба беа придружени и со молитви за загинатите во пожарот во „Пулс“. „Тие денеска од…
ДУХОВНА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД ПЕТРОВДЕН
По повод Петровден, во дворот на црковниот храм „Свети великомаченик Георгиј“ се одржа Духовна академија посветена на светиот апостол Петар, патронот на Кочани. Духовната академија започна со палење на 63 свеќи во чест на загинатите млади во пожарот на 16 март оваа година во Кочани, а митрополитот Брегалнички г. Иларион со свештенослужители одржа панихида за…
ЗАПОЧНУВА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА ПЕТРОВДЕН
Со празничната вечерна богослужба во црковниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Кочани, од денеска (11 јули 2025 г.) започнуваат содржините од годинашново одбележување на Петровден, Празникот на градот Кочани. Литургијата, на која ќе чиноначалствува Неговото високопреосвештенство митрополитот Брегалнички Иларион, започнува во 17 ч. По неа, во 18:15 ч. ќе има литија на релацијата од кочанскиот…
