ТРАГЕДИЈА ВО КОЧАНИ

март 16, 2025
0 минути

Утринава околу 03:00 часот во дискотеката ПУЛС во Кочани за време на забавата на групата ДНК избувна пожар по кој се случи голема трагедија.

Се спомнува бројка на неколку десетина починати млади луѓе а бројот на повредените е неколку стотици.

Во гаснењето на пожарот и во спасувањето на повредените учествувале екипи од Територијалните Противпожарните единици и Доброволните противпожарни единици не само на Кочани туку и од околните општини. Возила од Брза помош од сите општини околу Кочани ги носеа повредените по болниците.

Повредените се однесени во Општа болница Кочани во штип и во Скопје.

За подетални информации во текот на денот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ