ВЕЧЕРВА ВО КОЧАНИ ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА СОЛИДАРНОСТ „САКАМ ЖИВОТ ВО КОЧАНИ“

август 4, 2025
0 минути

Вечерва во Кочани на улицата „Маршал Тито“ спроти главниот влез на „Мултикултурниот Центар“ беше отворен Центар за солидарност под мотото „Сакам живот во Кочани“ чиј носител е Здружението на граѓани „Воскресение 2017“ од Кочани.

На свеченото отворање на кое присуствуваа гости од Кочани и од другите општини, за самото отворање на центарот и за неговото значење свое обраќање имаше Зоран Тодоров од центарот за солидарност „Сакам живот во Кочани“ кој меѓу другото рече:

„Кочани има над 5000 лице под 18 години на кои треба да им креираме живот, на кои треба да им ја подобриме иднината и сите да добијат надеж дека после се, живот во Кочани е можен. Ова не е само просторија туку ова е простор во кој ќе се состануваат граѓаните на Кочани, невладините организации, се со цел креирање на заедничка стратегија во иднина со подадена рака едни кон други  да се донесе подбар живот за сите во Кочани. „Сакам живот во Кочани“ е мото кое ќе не води напред се додека не дојдеме во ситуација, секој граѓани на Кочани да посака да живее тука. Секој во својата област да даде максимум за подобрување на заедницата во која опстојува, медиумите, невладиниот сектор, властите и политичките чинители да најдеме заедничка нишка која се вика Кочани, која ќе не обедини сите заедно за подобро на сите граѓани“.

Идејата за отворањето на овој центар доаѓа по трагедијата во дискотеката „Пулс“ а неговата цел е здружување на невладиниот сектор како и на останатите општествени чинители се со цел креирање на една заедничка стратегија опоравување и поддршка на граѓаните преку различни активности.

„Сакам живот во Кочани“ е отворен за сите граѓани и организации чии предлози и идеи ќе помогнат и те како во изградбата на една заедничка стратегија.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ