Во конкуренција на 3000 натпреварувачи од 27 земји кик боксерите на Кик Бокс клубот „Лидер“ од Виница кои ги бранеа боите на репрезентацијата на Република Македонија се закитија со еден златен и еден бронзен медал на штотуку завршениот „Европски кик бокс Куп“ што се одржа во Пловдив (Република Бугарија).
Златниот медал супериорно го освои Лука Змејковски кој ги совлада сите свои противници а особено импресивен беше неговиот настап во финалната борба каде го победи претставникот на Националната селекција на Молдавија Дмитри Стоицов. Бронзениот медал се најде на градите на Нина Колева која во полуфиналниот натпревар загуби од домашната натпреварувачка.
Со оваа победа и освојувањето на златниот медал Лука Змејковски го зголеми своето бодовно салдо и остана и понатака број 1 на Светската кик бокс ранг листа.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ