Завршија работите за инсталација на системот за греење, ладење и вентилација во Мултикултурниот центар во Кочани.
Со проектот „Опремување на Мултикутурниот центар“ е реализирана набавка, транспорт и монтажа на систем за греење и ладење со современа инвертер-технологија (каналски клими, мултисплит и сплит системи), како и енергетски ефикасен вентилациски систем во салата, канцелариите и конференциските сали во МКЦ, односно е обезбедено затоплување и ладење на 490 м2 корисна површина.
Проектот е реализиран со средства од Бирото за регионален развој преку јавниот повик за финансирање проекти за развој на урбаните подрачја и одржлив и урбан развој од Програмата за рамномерен регионален развој за 2022.
Вкупниот буџет на проектот беше 3.174.200 ден. од кои 2.515.490 ден. се од Бирото за регионален развој, а останатите се од Буџетот на Општина Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ