КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА – КОЧАНИ

јуни 13, 2023
1 минути

Општинската организација на Црвен крст – Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи ОВР-Кочани денеска ја спроведе втора крводарителска акција за 2023 година наменета за полицијата.

На крводарителската акција крв даруваа 19 вработени во кочанската полиција.

Акцијата се реализираше во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Црвен крст – Кочани и Одделението за внатрешни работи – Кочани, во текот на годината спроведуваат три редовни крводарителски акции, наменети за вработените во кочанската полиција.

Црвен Крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ