ОДРЖАНА 44. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ

март 4, 2024
0 минути

Советот на Општина Кочани ја одржа 44. редовна седница, на чиј дневен ред се најдоа три точки.

Со 12 гласа „за“, Советот ги усвои Завршната сметка на Буџетот на Општина Кочани и Годишниот извештај на Општина Кочани за 2023 година.

По образложението од стручните служби, Советот ја усвои и одлуката за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Кочани за 2024 година. Дел од прераспределените средства ќе бидат трансферирани на СОУ „Љупчо Сантов“ и на Центарот за развој на ИПР за реализација на проектот  „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источниот Плански Регион“.

На крајот на седницата, членови на Советот поставуваа советнички прашања.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ