Повеќе од две седмици нема кој да ја поправи шахтата па за да има безбедност на учесниците во сообраќајот, некој се сетил и како заштита ставил надворешна автомобилска гума.
Какква-таква гумата која е на крстосницата меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Роза Петрова“ ако за ништо друго барем служи за потсмев.
Самата глетка ги забавува минувачите а истовремено создава гнев кај возачите.
Кочани, и се ẻ можно.
С. Ивановски