ОПШТИНА КОЧАНИ И НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ ОРГАНИЗИРААТ ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД ЖЕНИ ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ

април 3, 2024
1 минути

Под наслов „Инфинити“, Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ организираат групна изложба на ликовни дела од жени уметници, за што упатија повик за учество на авторки од Кочани, Штип, Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.

Заинтересираните академски уметници или уметници со реализирани најмалку две самостојни изложби може да се претстават со две дела на слободна тема од сликарство, скулптура, графика и цртеж. Делата за изложбата „Инфинити“ треба да се достават во просториите на НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, во периодот од 4 до 17 април 2024 год., помеѓу  8 и 15 часот.

Изложбата ќе биде отворена на 26 април 2024 год., во  Салон фоаје 2, НУ Центар за култура „Бели мугри“ – Кочани и ќе трае 14 дена.

Целосниот јавен повик за учество на изложбата е објавен на веб-страницата на Општина Кочани.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ