Ознака: изложба
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА НА АВТЕНТИЧНИ ДРЕСОВИ, ПОСВЕТЕНА НА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ И НА АНГЕЛИТЕ НАСТРАДАНИ ВО ТРАГЕДИЈАТА
Како дел од проектот „Преземање изложби за 2026 година“ кој е финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Македонија, вечерва во „Фоаје 2“ во НУ ЦК „бели мугри“ – Кочани беше отворена изложба на автентични дресови, посветена на Андреј Лазаров и настраданите во трагедијата пред повеќе од една година. На изложбата беа поставени…
ВО ПОНЕДЕЛНИК ИЗЛОЖБА НА ФУДБАЛСКИ ДРЕСОВИ ПОСВЕТЕНА НА АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ
Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата на 50 автентични фудбалски дресови на успешни деца во светот од Тиквешијата и пошироко.кои се дел од приватната колекција на Николчо Делов. Колекцијата е сведоштво за упорноста, успехот и припадноста, приказни испишани преку спортот, пријателството и заедничката меморија. Изложбата е…
ВО ЕТНОКУЌАТА ВО КОЧАНИ – ИЗЛОЖБА НА РАЧНИ ИЗРАБОТКИ СО ТКАЕЊЕ
В петок, 5 јуни, со почеток во 19 ч., во Етнокуќата во Кочани ќе биде отворена изложба на ракотворби подготвени со ткаење на вертикален разбој. Рачните изработки се создадени во рамките на обука што ги поврзува развојот на практични вештини, креативното изразување, социјалната вклученост и одговорното користење на ресурсите. Изложбата ќе биде збогатена и со…
НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПОКАНА НА ОТВОРАЊЕ ИЗЛОЖБА „ПОРТРЕТИ“
Националната установа Центар за култура „ Бели мугри“ Кочани Ве поканува на отворањето на изложбата насловена „ Портрети“ на учениците од Училиштето за цртање и сликање кое работи во состав на Установата под менторство на Александра Димитрова, стручен соработник за визуелни уметности, архитектура и дизајн. Отварањето на изложбата е закажано за 05.05.2026 година ( вторник…
„ТРАГА ВО БЕСКОНЕЧНОСТА“ – ХУМАНИТАРНА ГРУПНА ИЗЛОЖБА ВО ЧЕСТ НА САРА ЈОРДАНОВА
Во периодот од 27.02.2026 – 06.03.2026 во НУ Центар за култура “Бели Мугри” – Кочани ќе се одржи хуманитарна групна изложба во чест и спомен на Сара Јорданова чиј живот трагично згасна во пожарот во дискотеката на 16 март 2025 година. Отворање на изложбата ќе се одржи на 27.02.2026 во 18:30 часот. Оваа изложба, организирана…
ИЗЛОЖБА НА ЦРТЕЖИ ОД МАРИНА АРСОВА
Во рамките на кампањата „16 дена активизам против родово базирано и семејно насилство“ во Јавната општинска установа библиотека „Искра“ во Кочани се одржа изложба на цртежи од Марина Арсова. Марина Арсова, професорка по англиски јазик и книжевност, е уметница аматер, која истакнува дека цртањето, покрај создавање убави нешта, за неа претставува израз на најдлабоки емоции…
НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПОКАНА ЗА НАСТАН
На 12.11.2025 година во 18 часот во малата сала во НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани по 9-ти пат ќе се одржи Манифестацијата „ ЉУБОВ ЗА СИТЕ“, во чест и спомен на на ликовната уметничка Андријана Мациев. На Манифестацијата ќе бидат изложени нејзини дела од 3 циклуси: – „Живот во бои“; – „Женски Приказни“ и…
НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ, ПОКАНА ЗА ИЗЛОЖБА
НУ ЦК „ Бели мугри“ Кочани, Ве поканува на Ликовната изложба на Ванчо Кеков во понеделник, 03.11.2025 година. Отворањето на изложбата е закажано во 12.30 часот во Салон „ Фоаје 2 “ во Центарот за култура. Изложбата е дел од Годишната програма на ЦК „ Бели мугри“ финансиран од Министерството за култура и туризам ,…
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА „УМЕТНОСТА НА ТРАДИЦИЈАТА“ ОД АВТОРОТ МИРЧЕ ДЕЛЧЕВ
Изложбата ,,Уметноста на традицијата” од авторот Мирче Делчев, пример за почит како една млада личност со голема љубов, желба и посветеност ја негува традицијата кон нашето богато културно наследство. За изложбата и посветеноста на авторот говореше Даниел Ѓорѓиевски, кореограф во АТМИ,, Митко Алексов”-Кочани. На изложбата покрај цртежи на кои се насликани народни носии од повеќе…
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ ОД ПРИЛЕП
Денес во „Фоаје 2“ во НУ Центар за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена изложбата насловена како „Креации во ноќта – уметност инспирирана од соништата“ дела на членовите на Друштвото уметници од Прилеп. Поставени се повеќе од десетина уметнички дела кои се изработени во текот на 2020 година а за прв пат на јавноста…
