Пожарот кој избувна во теот на вчерашниот ден во близина на селото Главовица уште е активен.
Осумте пожарникари од ТППЕ – Кочани и седумте доброволц од ДПД – Кочани синиќа се повлекле околу 23:00 часот бидејќи немало повеќе никакви услови да интервенираат.
Денес уште во 05:00 часот целата Територијална Противпожарна Единица – Кочани заедно со доброволците од Доброволното Противпожарно Друштво – Кочани и други надлежни институции се излезени на терен а во гаснењето и помагаат и два хеликоптера, едниот на АРМ и другиот на МВР.
Од ТППЕ – Кочани апелираат до земјоделците да не палат оган по стрништата и на отворените терени бидејќи целата единица е ангажирана во гаснењето на шумскиот пожар и не се во можност да интервенираат и на други запалени површини.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ