Во склоп на активностите од 33. Издание на „Денови на кочанскиот ориз“ беше отворена ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ 2024.
Ликовните дела беа насликани месецов на Пониква од страна на младите сликари, а под менторство на академскиот сликар Александра Димитрова.
Градоначалникот ги поздрави младите уметници, им честиташе за нивните прекрасни дела и им додели благодарници.
Ликовната колонија „Св. Пантелејмон“ е поддржана од Програмата за култура на Општина Кочани за 2024 година.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ