Во недела си играат натпреварите од 4-тото коло во Втора Фудбалска Лига за жени.
Екипата на „Кочани“ која важи најголем фаворит за освојувањето на првото место и враќање во Прва Фудбалска Лига за жени е пред нов триумф. Кочанчанки се големи фаворити на натпреварот во Велес. Ако овие натпревари некогаш беа дерби и го решаваа шампионатот, за жал сега играат натпревари во ранг подолу и без некој поголем набој.
Натпреварот во Велес започнува во 10:30 часот.
Двојки за 4-тото коло:
Борец – Кочани
Победа 16 – Вардар
Порече – Плачковица
Слободен – Билјанини извори
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ