ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ДУОТЛОН, УБАВ УСПЕХ ЗА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА КОЧАНИ

Во Спорт
ноември 7, 2022
0 минути

Изминатиот викенд на Кејот на Вардар во Скопје се одржа годинешното Државно првенство во Дуотлон.

Претставниците на Кочани кои учествуваа на ова првенство се претставија во вистинското светло, освоени се две први места, едно второ и едно трето место додека еден натпреварувач заврши како четврти.

Натпреварувачите најпрвин трчаа 5 километри, потоа возеа 20 километри  со велосипед за да на крајот трката ја завршат со трчање од 2,5 километри.

Во категоријата „Мастер 1“ Жикица Ивановски го освои првото место, додека Панче Зафиров заврши како третопласиран.

Во категоријата „Мастер 3“ Владо Симеонов го освои првото место.

Во категоријата „Јуниори“ Димитриј Спасов заврши на второто место, додека Павел Димитровски беше четврти.

С. Ивановски