Овој прашалник има за цел да ги идентификува различните потреби на граѓаните во локалните заедници поврзани со конкретни сервиси и услуги, за кои сметаат дека се неопходни.
Активноста за собирање на податоци за потребите на граѓаните и нивна анализа има за цел да придонесе кон напорите на локалната самоуправа во градењето на овозможувачка околина за развој на локални бизниси.
Активноста е дел од Менторска програма на ЗЕЛС којашто ја спроведува со поддршка на Канцеларијата на UN Women во Скопје.
Прашалникот е анонимен, а податоците ќе се користат како основа за развој на Менторската програма која се спроведува во 7 општини, меѓу кои и Кочани, и ќе придонесе кон развој на локални политики за поддршка и развој на локални бизниси со конкретни афирмативни мерки за женско претприемништво.
Одговорањето на прашалникот ќе ви одземе 10 минути.
ИЗВОР: Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ