ЈАВНА ОБЈАВА ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА ЛИЦА ЗА ВРШЕЊЕ РАБОТИ – ДОСТАВА НА АКТИ СО ДОГОВОР НА ДЕЛО

јануари 27, 2022
1 минути

Општина Кочани, распишува јавна објава за ангажирање на најмногу 20 (дваесет) лица за работа – достава на акти со Договор на дело.

Лицата кои ќе бидат ангажирани за достава акти, ќе вршат достава на:

  • Решенија за забрана за користење на средства,
  • Решенија за данок на имот за физички и правни лица,
  • Решенија за комунална такса за физички и правни лица и
  • Опомена за данок на имот или комунална такса.

Ангажираните лица доставата ќе треба да ја извршуваат на територијата на Општина Кочани, во градот и населените места, односно Општината ќе се обврзе да исплати паричен надомест во износ од 20 денари од извршена достава од горенаведените акти.

Со секое ангажирано лице ќе се склучи посебен Договор, во согласност со член 619 од Законот за облигациони односи – Договор на дело.

Минимум критериуми и потребна документација за пријавување:

– Пријава за јавна објава, со лични квалификации,адреса и телефон за контакт;

– Лицата кои се пријавуваат да имаат завршено минимално средно образование;

Јавната објава трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето, односно од 26.01.2022 година до 04.02.2022 година.

Пријавите со документацијата се доставуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, 2300 Кочани, Република Македонија.

Градоначалник на

Општина Кочани

Љупчо Папазов