Со 11 гласа ЗА, Советот на Општина Кочани на 55-тата Редовна седница одржана на 04 Декември донесе Одлука за формирање на Екопатрола, еден вид надзорно тело за контролирање на депонираниот отпад на Градската депонија во Кочани, која беше едно од барањата на здружението „Депонијада“ кое месец дена ги бранеше своите сограѓани од загадувањето на воздухот.
Екопатролата која ќе функционира како надзорно тело ја сочинуваат 11 членови од кои 7 од граѓанските активисти Лазар Захариев, Веселин Бошков, Стојан Георгиев, Милчо Величковски, Златко Илијев, Александар Ѓорѓиев и Ванчо Мишковски, 2 од редовите на Советот на Општина Кочани Венко Крстевски и Жаклина Филипова Свеќароска, и по 1 од Локалната самоуправа Даниел Стојанов и од КЈП „Водовод“ – Кочани Мирче Паунов.
Одлуката за формирање на екопатролата стапува на сила со денот на објавувањето во Службен Гласник – Кочани.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ