ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Кочани имаше чест и задоволство да биде домаќин на свечениот настан по повод доделувањето на донација, овозможена од Академијата за роботика и иновации со поддршка на Bechtel Corporate.
Училиштето го посетија директорот на проекти Џош Бејкер, м-р Васка Медиќ од Академијата за роботика и иновации и други претставници од проектот. Покрај нашите ученици, присутни беа и учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ и ООУ „Никола Карев“ со нивните ментори кои исто така се натпреваруваат во оваа лига. Од нашето училиште тимот го сочинуваат учениците Матеа Глигорова, Деспина Салтирова, Ана Ајтовска, Љубиша Митев, Матеј Ангелов, Божјидар Трајчев, Михаела Грозданова, Михаил Стојанов и Бјанка Димов со менторката Нада Давиткова
Натпреварот „LEGO LEAGUE“ и „FIRST LEGO league junior“ е признат од глобално ниво и поддржан од УНЕСКО! „FIRST LEGO LEAGUE“ е глобална иницјатива која ги запознава децата со науката, технологијата, математиката и инженерството преку забава. Тие развиваат нови вештини кои преку решавање на проблеми, работење на проекти ги мотивира младите. Со учество на „FIRST LEGO LEAGUE“, учениците добиваат искуство и учат како да размислуваат критички и да соработуваат. Во натпреварите тимовите се составени од 10 деца за деца од 10 до 16 години, а за деца од 5 до 9 години тимовите се составени од 6 деца. Учениците користат најсовршена Lego технологија како Lego Spike Prime и Lego mindstorms. Со помош на овие алатки, учениците совладуваат повеќе основи. Оваа сезона тема на натпреварот е „Истражување на океаните“. Ова е одлична можност за учениците затоа што придонесува за:
– Развој на критичкото размислување;
– Тимска работа и притприемништво;
– Програмирање и алгоритамско размислување;
– Глобално признание.
„FIRST LEGO LEAGUE“ е уникатна можност која ги поттикнува младите и им помага да се развиват како идни лидери во технологијата.
Прилогот го подготвија: Надица, Милана и Матеа
Фотографии: Ким Ко Инфо
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ