„УЧИ, ИСТРАЖИ И ИСКУСИ СО ЕРАЗМУС+ И NEXT GENERATION“

мај 18, 2022
1 минути

Караванот за промоција на младински размени "Учи, истражи и искуси" на невладината организација Next Generation денес оддржа презентација во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.

Целта на овој настан е запознавање на учениците и младите со целите на Еразмус+ програмата, презентирање на проектите и активностите на невладината организација Next Generation, како до полесно аплицирање за проекти, можности за волонтирање и сл.

Next Generation го зајакнува младинското учество преку реализација и поддршка на проекти и иницијативи насочени кон развој на младите на локално, национално и меѓународно ниво. Основата на нашата организацијата лежи во искуството на нејзините членови во младинската работа, неформално образование, активно учество и социјален активизам, кои здружени заедно за да овозможат можности за мобилност за учење на младите луѓе со цел да еволуираат во образовани и свесни личности кои активно учествуваат во општеството.

Караванот "Учи, истражи и искуси" се фокусира на презентација на можностите на младите и цели кон вклучување на средношколците и младите на Еразмус+ проекти кои овозможуваат личен и кариерен развој, зголемување на знаењата и вештините на различни теми, размена на култура и искуства со младите од цела Европа.

На настанот беше прзентирана активна апликациска форма за младите кои сакаат да учествуваат на Еразмус+ младинските размени.

Линк за апликациска форма за Еразмус+ проекти:

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSejLyZE5x_yytb3PRsNe3By2f1k_Op6VLVwdtSH

LmiLrFx9ww/viewform