Во текот на месец декември во Скопје на Фестивалот за млади хармоникаши учествуваше и едно девојче, единствено од понежниот пол помеѓу колегите хармоникаши.
Станува збор за Меги Георгиева од Кочани која воедно е и пијанист, но на Фестивалот за млади хармоникаши под менторство на професор Зорица Каракутовска Меги и останатите нејзини колеги се закитија со голем број на признанија.
Инаку Меги Георгиева е ученик во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ и досега освен со настапите на пијано мошне се забележителни нејзините настапи со хармониката з како во Македонија, така и надвор од неа.
Иако талентот на Меги го имаат забележано повеќето музички професори и со пофални зборови се имаат изразено за нејзините музички настапи, ова скромно девојче продолжува и понатака да работи и да се усовршува бидејќи е свесна дека талентот е помалиот процент а дека сето останато е работата.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ