Членовите на Советот ги усвоија одлуките за отстапување на трајно управување и користење без надоместок на фотоволтаичните системи на СОУ „Гошо Викентиев“, на КЈП „Водовод“ и на ООУ „Никола Карев“, а го усвоија Интегрираниот локален развоен план на Општина Кочани за периодот 2024 – 2027.
Расправајќи по предлог-буџетот на Општина Кочани за 2025 година, одлучија 2 милиона денари од ставката за привремени вработувања да се пренаменат за набавка на машина за КЈП „Водовод“, по што го усвоија буџетот за наредната, 2025 година.
Текстот од годишното обраќање на градоначалникот е објавен на веб-страницата на Општина Кочани:
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ