Последните денови од сега веќе минатата 2024 година добивме писмо од наш читател, односно читателка, но поради содржината решивме да го објавиме токму денес, во првиот ден од новата година за да народски кажано годината ни започне со убаво. Нашиот читател кој е привремено со престој во странство ни испрати допис кој ви го пренесуваме во целост.
„Се надевам дека ова што ви го испратив ќе биде објавено. Се работи за вработените во Аптеката Зегин спроти Шопинг центарот односно во трговскиот центар. Јас и моето семејство сме на привремена работа во друга држава но секоја година доаѓаме за Нова година и Божик а и летниот одмор го користиме овде во Кочани. И секогаш кога ќе дојдеме јас ја посетувам аптеката Зегин за да си обезбедам лекарства кои ми се потребни. Кога ќе дојдам и влезам во аптеката гледам некои нови лица, значи персоналот во аптеката се менува но навиките им остануваат. Сите се големи професионалци. Те пречекуваат со насмевка на лицето,, ќе те ислушаат, ќе те услужат а понекогаш кога се консултирам со нив за некој лек што го барам а лекар ми го предложил секогаш со добар збор ќе ми објаснат се. На моите роднини и пријатели секогаш им велам дека не сум се надевала дека и кај нас има такви професионалци а тие знаеле да ми кажат дека и во другите аптеки е таков односот на вработените кон клиентите. Мене лично оваа аптека ми е најблизу одам таму да барам лекови и за нив имам изградено такво мислење, а во другите речиси и да не сум била или сум влегувала многу ретко. Сакав ова да го споделам со многумина бидејќи тоа го чувствувам како моја обврска кон тие луѓе што секогаш со насмеани лица не услужуваат. На почетокот напишав дека се надевам дека ќе го објавите моето обраќање за што и на вас ви благодарам“.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ