На улицата „Генерал Апостолски“ во тек се градежни активности.
Се работи на крак долг 223 м, со ширина од 6,5 м, каде што ќе се градат и тротоари од двете страни и велосипедска патека со ширина од 1,5 м.
Изведувачот на работите „Коле Транс“ од Штип деновиве ги поставува бетонските рабници и слојот со тампон.
Улицата којашто ги поврзува двете катастарски општини Кочани и Оризари ќе добие два асфалтни слоја од вкупно 18 см.
За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.000 денари од сопствениот буџет.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ