По повод Св. Трифун и Св. Валентин, во соработка со Училиштето за цртање и сликање при НУЦК „Бели мугри“- Кочани под менторство на ликовниот уметник Александра Димитрова реализирана поетско-ликовна работилница „Виното и љубовта, вечна инспирација“. Преубав спој на поетската и ликовната уметност.
Учениците слушнаа дел од преубавите песни посветени на виното и љубовта, чии автори се членови на ЛК „Копнеж“, во изведба на Лиле Стоименова и Ангела Василкова ученички во СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани. Инспирирани од поетските творби, младите уметници направија прекрасни ликовни творби насликани со вино.
Во чест на Св. Трифун, членовите на ЛК ,,Копнеж”, традиционално го реализираа литературното читање посветено на виното и љубовта со нивни литературни творби, напишани за таа пригода.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ