ПЕТРОВДЕНСКА ЛИТИЈА ВО КОЧАНИ

јули 12, 2024
0 минути

По повод празникот на Кочани, Петровден синоќа во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа вечерна празнична богослужба на која чиноначалствува митрополитот Брегалнички г. Иларион. По службата беше организирана литија и  осветување и кршење на празничниот колач во Градскиот парк, каде свештениците и верниците упатија молитви за здравје и благосостојба.

„На градоначалникот и на сите луѓе во Кочани им го честитам празникот на светите апостоли Петар и Павле, посакувајќи да ве чуваат и понатаму да ви даруваат душевно и телесно здравје, да се молат на Бога и за градот Кочани и целата вселена, испросувајќи мир и благосостојба. Православието и единството да се зацврсти и да престанат сите поделби, недоразбирања и војни во светот. Нека е честит, вечен и благословен празникот“ рече во своето обраќање пред присутните митрополитот Брегалнички господин Иларион.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ