„ОСОГОВО“ ПРЕД НОВОТО ГОСТУВАЊЕ, „СКОПЈЕ“ Е ФАВОРИТ, НО ……

Во Спорт
февруари 21, 2025
1 минути

Во Сабота со почеток во 14:00 часот се играат натпреварите од 17-тоо коло во Втора Фудбалска Лига. Кочанските „жолто-сини“ се пред нов тежок испит, гостуваат на мошне добрата екипа на „Скопје“ која со триумф на госѕински терен ја започна пролетната сезона.

Во „Осогово“ се свесни за квалитетот на нивниот противник, но сепак иако „Скопје“ е фаворит како што истакнуваат тие лесно нема да се предадат, ќе се борат за секоја топка и ќе се обидат барем со бод да се вратат дома бидејќи секој бод им значаен во борбата за  зачувување на второлигашкиот статус.

Двојки за 17-тото коло:

Скопје – Осогово

Беласица – Вардар (Н)

Аресими – Охрид

Македонија ГП – Башкими

Борец – Победа

Брегалница – Новаци

Детонит Плачковица – каменица Саса

Кожуф – Вардарски

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ