Полициски службеници од ПСОН Кочани денеска (27.02.) на локации околу градскиот пазар во Кочани реализираа превентивна кампања – „Заштити се од џепни кражби“. Притоа, покрај тоа што на граѓаните им беа делени летоци со едукативна соодржина од областа на имотните деликти, од страна на полициските службеници им беа давани и корисни совети за заштита од кривичните дела како што се разбојништвата, дрските кражби, кражбите, измамите и други.
На граѓаните особено им беше потенцирана неопходноста од соработка и нивна навремена комуникација со полицијата со брзо и точно пријавување на бесплатниот број 112 за навремена реакција и преземање на мерки од страна на полицијата.
Исто така, денеска и од страна на полициски службеници од Отсекот за превенција при ОВР Свети Николе во селата Црнилиште и Амзабегово беше спроведена превентивно едукативна кампања „Обезбеди го твојот дом“. Превентивната активност се реализираше преку непосредни средби со граѓаните, на кои им беа давани основни безбедносни совети за заштита на домот во поглед на имотните деликти и им беа поделени едукативни летоци со содржини во насока на заштита од имотни деликти.
Соопштение на МВР
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ