8 Март, ден за уште една прекрасна приказна, за уште една прекрасна соработка која предизвика многу радост и насмевки.
Имено за Меѓународниот ден на жената претставници од Младинската организација и клуб „АВАНГАРДА“ при СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани, заедно со најмалите и прекрасни членови на едукативниот центар „Code Corner Code Corner“, напишаа со љубов и радост прекрасни пораки и ги поделија во „Паркот на Револуцијата“ и на други делови во градот на случајни минувачки: мајки, жени, девојки. Така наместо цвет или поклон се подари убав збор и многу љубов.
Овој начин на честитање предизвика многу искрени насмевки, задоволство и радост а со истиот пријатно беа изненадени припаднички на понежниот пол.
Организаторите порачуваат: „Продолжуваме на креативен начин да твориме и шириме љубов, радост, насмевки и да негуваме убави кутурни навики, вредности, постапки..правејки го светот околу нас подобро место за живење“.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ