КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ОВР КОЧАНИ

март 10, 2025
1 минути

Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи – Кочани денеска ја спроведе планираната редовна крводарителска акција за вработените во кочанската полиција.


На акцијата која траеше од изутрина до напладне крв даруваа 13 крводарители.


„Акцијата е прва што годинава ја спроведуваме во соработка со кочанската полиција. Во текот на годината редовно спроведуваме по три крводарителски акции за вработените во ОВР-Кочани. На годишно ниво на трите акции се собираат во просек над 60 крвни единици. Ја користиме приликата да се заблагодариме на сите дарители кои учествувааат на крводарителските акции и придонесуваат за обезбедување на крвните резерви“, соопштија од Црвен крст Кочани.


Акцијата се реализираше со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ