Почитувани, како член на Совет на Општина Кочани ви доставувам предлог за кандидат за В.Д. Градоначалник на Општина Кочани преку самокандидатура и затоа барам точката на Дневен ред на седницата на Совет да биде изменета и дополнета:
- Предлог – за избор на Венко Крстевски за вршител на должноста Градоначалник на Општина Кочани
Барам точката да биде прва на Дневен ред, бидејќи прв ја доставувам кандидатура за В.Д. Градоначалник на Општина Кочани. Доколку има други предлози од советници барам да бидат ставени како точка број 2, точка број 3 и така натаму во зависност од бројот на предлози.
Член на Совет на Општина Кочани
Венко Крстевски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ