На улицата „Генерал Апостолски“, којашто ги поврзува катастарските општини Кочани и Оризари, продолжуваат градежните активности.
Изведувачот на работите „Коле-транс инженеринг“ од Штип работи на тампонирање и подготовка за асфалтирање на коловозот и на велосипедската патека на оваа улица. Тротоарите од двете страни, со ширина од 2 м, веќе се изведени.
Кракот од улицата „Генерал Апостолски“ е долг 223 м, со ширина од 6,5 м, со велосипедска патека широка 1,5 м. За изградба на оваа улица Општина Кочани намени 5.760.618 денари од сопствениот буџет. Улицата „Генерал Апостолски“ е пробиена пред повеќе од 30 години, но досега не беше асфалтирана.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ