НАМЕСТО ДА СЕ СРЕДИ ПАЗАРОТ, ВО ЧЕТВРТОК ХАОСОТ УШТЕ ПОГОЛЕМ

јуни 8, 2025
0 минути

Градоначалници можат да се менуваат, директори во КЈП „Водовод“ во Кочани исто така, но која фајда од тоа кога со години прашањето со пазарот никако да се реши.

Улицата „Гоце Делчев“ со години е рак рана за населението од Кочани бидејќи кога е пазарен ден  со тезги е толку окупирана што луѓето тешко минуваат не пак ако затреба да помине некое противпожарно возило или возило од Прва помош.

Како што не информираат од неодамна почна и тротоарот кај комерцијална банка да е преплавен со тезги па клиентите до Комерцијална банка тешко се пробиваат за да си ги завршат  дневните активности.

Сите гледаат и сите молчат. „Водовод“ со никаква реакција да постави ред, полицијата како и во некои други случаи незаинтересирано делува а пак в.д. Градоначалникот или нема информација или и тој не сака за овој краток период да се замери со некого.

И така сите се оградуваат, пазарот во четврток е во тотален хаос од кој само трпат обичните граѓани.

До кога вака?

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ