КРСТЕВСКИ НА СРЕДБА СО КОЧАНСКИТЕ КРВОДАРИТЕЛИ

јуни 13, 2025
0 минути

По повод 14 јуни, Светскиот ден на крводарителството, в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски се сретна со кочанските крводарители.

Претставниците на Општинската организација на Црвен крст – Кочани информираа дека на годишно ниво собираат над 1000 крвни единици и реализираат до  22 крводарителски акции.

Годинава крводарителот Ацо Ангелов бележи 135 дарувања крв, Тиме Златков  од Тркање – по стоти пат дарувал крв, а младата  Сара Бочварева – веќе 11 пати.

„Вие сте слика на хуманоста и како општество мора да научиме да ги вреднуваме  хуманите луѓе, посебно крводарителите бидејќи крвта не се произведува“ истакна Крстевски, ветувајќи максимална поддршка од Општината и воведување општински мерки за крводарителите.

Во рамки на промоција на крводарителството ОО на Црвен крст – Кочани работи со млади, организира крводарителски акции со средношколците, полицијата и за приватниот сектор.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ