Ознака: средба
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СЕ СРЕТНА СО ТИМ ОД ВРВНИ СПЕЦИЈАЛИСТИ ОД КЛИНИКАТА ВО БУРСА (ТУРЦИЈА)
Тим од врвни специјалисти од Универзитетската медицинска клиника од Бурса, Република Турција – еден од водечките истражувачки и медицински центри во земјата, предводен од Д-р Süleyman Çeçen, пластичен и реконструктивен хирург и специјалист за третман на изгореници, беше пречекан во Општина Кочани од страна на градоначалникот, д-р Владко Грозданов, при што се одржа пријателски и…
„BALLET MAGNIFICAT“ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
По одржаниот хуманитарен балетски концерт на американската трупа „Ballet Magnificat“, во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, посветен на настраданите од трагичниот пожар на 16 март 2025 година, градоначалникот Владко Грозданов приреди прием за младите уметници од Соединетите Американски Држави. На средбата беа разменети впечатоци од балетската претстава, прва во кочанскиот Центар за култура. Градоначалникот Грозданов…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ ВО СКОПЈЕ
Со цел да се промовираат францускиот јазик и култура во образовниот систем, градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов прими претставници од Францускиот институт во Скопје. На средбата беа разгледани можностите за воведување на францускиот јазик како слободен изборен предмет во петтите одделенија во основните училишта. На средбата присуствуваше директорот на Францускиот институт во Скопје, Грегоар Жислер,…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО РАКОМЕТНИТЕ НАВИВАЧИ ОД КОЧАНИ
Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, оствари средба со навивачите на Македонската ракометна репрезентација од Кочани, кои беа дел од верната поддршка на нашите ракометари на Европското првенство во Данска. Навивачите ги споделија своите впечатоци од патувањето, атмосферата на натпреварите и дружењето со навивачи од други земји, а особено ги истакнаа топлиот прием и гостопримството…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСИЈАТА НА АЕК, ОРЦЕ СИМОВ
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации Орце Симов. На средбата се разговараше за можностите за унапредување на дигиталната трансформација во локалната самоуправа, зајакнување на сајбер-безбедноста, како и за реализирани и потенцијални донации во Кочани. Посебен акцент беше ставен на дигитализацијата на административните…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ СО ЗАМЕНИК-МИНИСТЕРОТ НЕЖДЕТ МУСТАФА
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со заменик-министерот за односи меѓу заедниците Неждет Мустафа. На средбата се разговараше за повеќе прашања од локално значење, со посебен акцент на изградбата на типските куќички за станарите од Старата касарна во Кочани. Станува збор за проект кој со години е во фаза на планирање, а…
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВЛАДКО ГРОЗДАНОВ СО ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА ЗА ЕВРОПСКИ ПРАШАЊА ВИКТОРИЈА ТРАЈКОВ
Градоначалникот Владко Грозданов, оствари работна средба со заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков, на која се разговараше за можностите за продлабочување на соработката во насока на надминување на последиците од големата трагедија што го погоди Кочани. Во фокусот на разговорите беа мерките и активностите за институционална поддршка на семејствата на настраданите, како и координираниот пристап…
ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА КОЧАНИ И ПРОБИШТИП НА РАБОТНА СРЕДБА НА ПОНИКВА
Денеска, во Инфо-центарот на Пониква, градоначалниците на општините Кочани и Пробиштип, Владко Грозданов и Тони Тоневски, одржаа работен состанок на кој се разгледуваа прашања од јавен интерес поврзани со искористувањето и унапредувањето на туристичките потенцијали на Пониква. Во фокусот на разговорите беа природните ресурси со кои располага Пониква што ја прават особено погодна за развој…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ ОДРЖА РАБОТЕН СОСТАНОК СО ДИРЕКТОРИТЕ ОД КОЧАНСКИТЕ УЧИЛИШТА
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов одржа состанок со директорите на основните и на средните училишта во Општина Кочани, на кој присуствуваше и директорот на КЈП „Водовод“ Дејан Анакиев со стручните служби. На состанокот се разговараше за можните решенија за справување со наталожениот долг на училиштата кон комуналното претпријатие. Директорите ги презентираа финансиските планови на…
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГРОЗДАНОВ НА СРЕДБА СО МЛАДИОТ БОРАЧ ДАРИЈАН ПАВЛЕВ И СО РАКОВОДСТВОТО НА БК „СПАРТАК“
Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и претседателот на Советот на Општина Кочани Александар Андов остварија средба со младиот кочански борач и носител на бронзен медал од Балканското првенство, Даријан Павлев, како и со претставници од раководството на Борачкиот клуб „Спартак“. На средбата беа истакнати значајните резултати што Павлев ги постигна во последниот период, особено…
