В четврток, 19 јуни 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 65. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Информација за состојбата со боровиот четник на подрачјето на општина Кочани
- Предлог за воспоставување меѓуопштинската соработка (МОС) помеѓу Општина Кочани и Општина Струмица
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на в. д. Градоначалникот на Општина Кочани за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Струмица и за утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Струмица
- Предлог за воспоставување меѓуопштинската соработка (МОС) помеѓу Општина Кочани и Општина Карпош
- Предлог-одлука за прифаќање на предлогот на в. д. Градоначалникот на Општина Кочани за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Кочани и Општина Карпош и за утврдување предлог за воспоставување меѓуопштинска помеѓу Општина Кочани и Општина Карпош
- Годишна информација за работата на ОВР Кочани во 2024 година
- Информација за малолетничката деликвенција на подрачјето на општина Кочани (наркоманија, алкохолизам)
- Предлог-одлука за изменување и дополнување на Одлуката за давање на трајно управување и користење без надомест на движни ствари на КЈП „Водовод“ – Кочани
- Давање согласност на договор за соработка, донација и кофинансирање на општината
- Предлог-одлука за давање под закуп на ствари во општинска сопственост – инфраструктурни објекти
- Предлог-програма за изменување на Програмата за остварување на социјална, детска и здравствена заштита во Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за сопствено учество – кофинансирање на проектот „Дневен центар за лица со попреченост“
- Предлог-одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за спорт на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за поддршка на образованието на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за информатичка и комуникациска технологија на општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за изградба и одржување на општински патишта и улици во општина Кочани за 2025 година
- Предлог-програма за изменување на Програмата за изградба на фекална и атмосферска канализација за 2025година
- Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за резервирани средства за експропријација согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Кочани за 2025 година
- Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште во општина Кочани во 2025 година
- Предлог-план за изменување и дополнување на Планот на програми за развој на општина Кочани за период 2025 – 2027 година
- Предлог финансиски планови за изменување и дополнување на финансиските планови на општинските основни и средни училишта и на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2025 година
- Изменување и дополнување на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година (ребаланс)
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ„Никола Карев“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ„Св. Кирил и Методиј“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност на Годишен план за вработување на КЈП„Водовод“ – Кочани за 2025 година
- Давање согласност на Годишниот план за вработување на општина Кочани за 2026 година
- Предлог-програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Кочани за 2025 година
- Предлог-одлука за изведување на спомен-обележје
- Предлог-одлука за определување висина на износот на бесплатниот превоз на учениците од основно и средно образование на релациите на кои нема обезбедено линиски превоз
- Предлог-одлука за изменување на Одлуката за утврдување на максимални единични цени за општински линиски превоз на патници на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани од редот на вработените
- Предлог-решение за именување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани од Министерството за социјална политика, демографија и млади
- Предлог-решение за разрешување член на Управниот одбор на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за усвојување Збирен извештај – елаборат за процена на штета од природна непогода: град, на 24.06.2024 година, што го зафати подрачјето на Општина Кочани.
Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ