ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА МЕРКИ СОГЛАСНО ФАЗА ТРИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН ЗА ПРЕВЕНИРАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ТОПЛОТНИТЕ БРАНОВИ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО 2025-2030

јули 4, 2025
1 минути

Министерството за здравство во координација со надлежниот Центар за јавно здравје-Кочани ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на Акцискиот план за превенција на последиците од топлотните бранови врз здравјето на наслението 2025-2030 година, почнувјќи од денеска (петок, 4 јули) се активира Фаза 3, што ќе трае до 08.07.2025 година.

На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:

– Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00-17:00) за работници изложени на директна топлина:

– Работа од далешина, флексибилно или двократно работно време каде што е изводливо

– Работодавачите за обезбедат микроклиматски услови за работа согласно Акциониот план простории со темература до 25ºC, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку:

– Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години.Оваа препорака не се однесува на вработените во критичната инфрастуктура ( здравство, полиција, армија,транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

– Активирање на планови за вонредни услови-сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции, да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Мерките се однесуваат на периодот од 4 јули 2025 до 8 јули 2025 година и имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност.

https://iph.mk/mk/news/index/1597?fbclid=IwY2xjawLUyKhleHRuA2FlbQIxMABicmlkETBSekl5eDh1V UVjWHF6Y1ZtAR53eV-

OR37drM9wyhMrL8A5OkczEkjCTMtezR44EUnmadh24TRicCX88VcJhg_aem_gY7rMIahNPfGyhpwORsmdA

https://www.iph.mk/mk/news/index/1594?fbclid=IwY2xjawLUyGhleHRuA2FlbQIxMABicmlkETBSekl5e Dh1VUVjWHF6Y1ZtAR49YlKWLDiPhi7n_RCAYpL1AGTYmbx1yPWKkPerM_toy_KXD6CstxbNOrjIZQ_aem_UeFWteUUnQZ214Uc873XPg

Со почит,

ЈЗУ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ КОЧАНИ