известувања

ОД 01.ЈУЛИ ДО 31 АВГУСТ ЛЕТЕН ВРЕМЕНСКИ РЕЖИМ ЗА ТОВАРНИ ВОЗИЛА СО ВКУПНА МАСА ОД 13 ТОНИ
Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: Петок од 17:00 до 22:00 часот…

ОД 01 ЈУЛИ СЕ ВОВЕДУВА ЦЕЛОСНА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ ВО ШУМИТЕ
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја известува јавноста дека согласно насоките од Владата како и барањата од корисниците на шумите – ЈП „Национални шуми“ и Националните паркови кои управуваат со заштитените подрачја, даде согласност за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште. Согласност се издава согласно членот 57 став 3…

ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ДПСС „ОСОГОВО“ И ИНТЕРНАЦИОНАЛНАТА ПОЛИЦИСКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Денес на Пониква беше потпишан договор за соработка меѓу Доброволната Планинска Спасителска Служба (ДППС) „Осогово“ – Кочани и Интернационалната полициска организација (ИПО) чие седиште е во Милано (Италија). Целта на овој договор е за успешна соработка на проекти и програми кои се од заеднички интерес за двете организации и имаат за цел да го унапредат…

СВР ШТИП СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ГРАЃАНИТЕ !!!
Известување Секторот за внатрешни работи Штип ги известува граѓаните дека во последниот период зачестена е појавата на измами преку СМС пораки. Имено, пораките изгледаат како наводно да ги праќа „Пошта на Северна Македонија“ во форма на линк, кој води до лажна интернет страница, а жртвите се наведуваат да внесат свои лични и податоци за платежни…

УГОСТИТЕЛИТЕ ОД ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР БЛОК „А’“: ПОДНЕСЕНА НАВРЕМЕНА ЖАЛБА ПРОТИВ НЕЗАКОНИТОТО РЕШЕНИЕ НА ОПШТИНА КОЧАНИ
Ја известуваме јавноста дека имаме поднесено навремена жалба против незаконитото Решение донесено од страна на Општина Кочани, со кое што решение на сила и без никаква правна основа, без правни агрументи и се со цел задоволување на нечии интереси, а на наша штета и на штета на нашите вработени кој што ги прехрануваат своите фамилија,…

ОПШТА БОЛНИЦА СО ПРОШИРЕНА ДЕЈНОСТ – КОЧАНИ СО НОВ В.Д. ДИРЕКТОР
По завршувањето на мандатот на досегашниот в.д. директор д-р Кристина Серафимова, заменик министерот за здравство Јовица Андовски го потпиша Решението и за нов в.д. директор на Општа болница со проширена дејност – Кочани е именувана д-р Катерина Паниќ – Мирчовска. Мирчовска позната на јавноста и стана бидејќи по нејзиното распределување на работно место во Скопје,…

ПРЕТСТАВНИЦИ ОД АМБАСАДАТА НА КРАЛСТВОТО ШВЕДСКА И EUROPE HOUSE ГО ПОСЕТИЈА SUPPORT KOCANI
Денес волонтерите од Сапорт Кочани остварија средба со претставници на Кралството Шведска и Europe House каде тема на разговорите беше трагедијата што пред неполни три месеци го потресе не само Кочани, туку и поголемиот дел од регионот. Се разговараше за повредените на кои сега и те како им е потребна помош на нив и на…

„SUPPORTKOCANI“ – ИЗВЕШТАЈ ЗА ДОСЕГАШНАТА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОНАЦИИТЕ
Во извештајот се содржани сите реализирани активности, тековни проекти и поддршката што ја добивме од стотици хумани поединци, компании и организации. Ова е наш начин на транспарентност и почит кон секој што верува во овој хуман стартап за поддршка на лицата засегнати од пожарот во Кочани. Ви благодариме на сите што сте со нас во…

СТОЈЧЕ СТОЈОВ: НИКОГАШ ВО МОЈАТА КАРИЕРА НЕ СУМ УЧЕСТВУВАЛ ВО МЕСТЕЊЕ НА НАТПРЕВАРИ
Стојче Стојов еден од најдобрите играчи на „Осогово“ во последните неколку сезони, најави завршување на неговите настапи во „Осогово“ а се од причина што уште е револтиран за обвинувањата на негова сметка по бараж натпреварот против „Шкендија“ Арачиново. Со цел да ја запознае фудбалската јавност и да ја изнесе вистината на виделина достави соопштение до…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ДУХОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА
Почитувани верници, Бидејќи Духовденската задушница е една од најголемите а петок е неработен ден, свештенството при храмот „Св. Георгиј“ – Кочани Ве известува дека распоредот ќе биде ваков: ПЕТОК – 17:00 – 19:00 часот, од старите гробишта од кај пругата до над капелата десно. САБОТА – 07 часот наутро, од над капелата лево и од…