Како се ближи крајниот рок за поднесување на Независни листи за Советници за во Советот во Општина Кочани, во Кочани станува се поинтересно.
Законскиот рок за поднесување на Независните листи е до вечерва (Понеделник) до 00:00 часот, а во Кочани освен двете Независни листи за Советници се појави и трета.
Со ова станува се поинтересно и добро за општината бидејќи би имало независни советници како никогаш досега
Во двете независни листи познати се и имињата на носителите, но да почекаме да заврши пријавувањето па тогаш да коментираме поконкретно што и како.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ