Општина Кочани ги известува организаторите на изборна кампања, кои имаат потврдена листа на кандидати од Општинската изборна комисија – Кочани, за избор на Градоначалник на Oпштина Кочани и членови на Советот на Општина Кочани, дека согласно Одлуката на Советот на Општина Кочани за утврдување на места за истакнување изборни плакати и утврдување услови за добивање право за користење на местата за истакнување на изборните плакати на подрачјето на Општина Кочани („Службен гласник на Општина Кочани“ бр. 6/2006), дека на 29.9.2025 година, со почеток во 15 часот, во салата за состаноци во Општина Кочани, Општинската администрација ќе изврши ждребување за определување на редоследот за истакнување на изборни плакати без надоместок, на организаторите на изборна кампања кои учествуваат на Локалните избори 2025 година, на места определени со Одлуката на Советот на Општина Кочани.
Организаторите на изборна кампања, за да можат да учествуваат на ждребувањето, покрај потврдени листи, потребно е до Градоначалникот на Општина Кочани да поднесат барање за користење на местата за истакнување на изборни плакати, најдоцна до 29.9.2025 година, до 12 часот.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ