ОДГОВОР НА РЕАКЦИЈАТА НА ВМРО ДПМНЕ ОД 28.10.2021 ГОДИНА

октомври 29, 2021
1 минути

Госпoда од ДПМНЕ,
Постоечките законски регулативи се доволни да се санкционираат активностите кои во континуитет, без ни трошка срам и одговорност, ги преземате. Сите тие активности имаат единствена цел – вршење на притисок за гласање.

Свесно и намерно манипулирате со граѓаните, свесно и без никаква одговорност се трудите да ја добиете довербата на граѓаните само за пуста жед за власт, надмоќ, пари.

За жал, тоа време одaмна е завршено. Нашиот сегашен и иден градоначалник Николчо Илијев, има слух и разбирање за секој, без разлика на политичката или верската припадност, граѓаните знаат каде се трошат нивните пари, за првпат граѓаните знаат дека општината е во сигурни раце.

Само да потсетиме, Душанка Горгиева Трпевски, како иден советник во Советот на Општина Кочани, а истовремено и член на СДСМ, е официјален претставник на Општинската организација.

На режимот му ставивме крај и нема да ви дозволиме да го вратите!

Градиме општество еднакво за сите, така и продолжуваме!

ОО на СДСМ Кочани