Со цел јавноста да се вклучи во овој процес, односно да се имаат предвид потребите на граѓаните, Општина Кочани упатува јавен повик до институциите, здруженија на граѓани и поединци за доставување предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности.
Предлозите може да бидат од сите сфери на надлежност на локалната самоуправа:
- комунални дејности
- урбанистичко планирање
- заштита на животна средина
- локален економски развој
- образование
- култура
- социјална заштита
- здравствена заштита
- спорт и млади
- еднакви можности на жените и мажите
- поддршка на граѓанскиот сектор
- меѓународна соработка и
- други надлежности што се извршуваат согласно стандардите и постапките утврдени со закон.
Потребните податоци, предлог-проектите и активностите со финансиската конструкција, треба да се достават на посебна пријава од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од веб-страницата на Општина Кочани: www [email protected].
Поднесоците во електронска форма можат да се достават на е-адресата: [email protected] (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани, најдоцна до 17 октомври 2025 година.
Предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. можат да се достават најдоцна до 20 ноември 2025 година.
Сектор за финансиски прашања
Општина Кочан
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ