Започна изведбата на водоводната мрежа на улицата „563“ во Кочани. Водоводниот крак што се гради е со должина од 430 м и се наоѓа во Лесна Индустрија.
За изградба на водоводот на улицата „563“, преку Програмата за инвестирање во животната средина, Министерството за животна средина и просторно планирање, одобри 3 милиони денари, а Општина Кочани учествува со 773.301 денар.
Изведувач на работите е „Калина“ од Оризари.
Со решавањето на водоводната, канализациската и патната инфраструктура во овој дел на Кочани, Општина Кочани ги подобрува условите за изградба на нови стопански капацитети во зоната Лесна индустрија.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ