КРПЕЊЕ УДАРНИ ДУПКИ И РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЛИВНИ РЕШЕТКИ ОД ПОЛИМЕР БЕТОН

октомври 13, 2025
1 минути

Во тек е постапката за избор на економски оператор што ќе работи на пополнување на ударните дупки на сообраќајниците на подрачјето на Општина Кочани.

Утре ќе се отвораат пристигнатите понуди, па бидејќи не е предвидена е-аукција, се очекува договорот за крпење ударни дупки  набргу да започне да се реализира.

Долг е списокот на улиците евидентирани од стручните служби за градежно земјиште каде што е потребно крпење, за што ќе се користат поволните временски услови, пред почетокот на зимскиот период.

За реализација на овие градежни активности се издвоени 1.499.770 ден. oд Програмата за улици и патишта за 2025 г.

Наскоро ќе започне и реконструкција на сливни решетки од полимер бетон.

Стручните служби најавуваат дека е планирана замена на постојните со решетки од полимер бетон на 6 локации, а ќе бидат реконструирани и 7 ревизиони шахти.

За реализација на договорот за реконструкција на сливните решетки за атмосферска канализација се наменети 2.006.236 ден. од Буџетот на Општина Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ