ПРОЕКТ ЗА КРЕИРАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПОЛИТИКИ

октомври 15, 2025
1 минути

На 14 октомври во Кочани се одржа првата средба на засегнатите страни во рамки на проектот AgriExcel, финансиран од програмата Interreg Europe со цел размена на идеи, искуства и идентификување на приоритети за унапредување на регионалната соработка во дигитализацијата и иновациите во земјоделството.

На состанокот учествуваа претставници од Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип,  Советот на Општина Кочани, Центарот за развој на ИПР,  граѓанскиот, приватниот сектор и од Локалната самоуправа, кои дискутираа за предизвиците и можностите за унапредување на агроиновациите и одржливиот развој. Преку размена на искуства и добри практики, учесниците дадоа придонес кон дефинирање на приоритети и активности што ќе се реализираат во рамките на проектот. Во фокусот на дискусијата беа теми како дигиталната подготвеност на земјоделците и интеграцијата на паметни решенија во земјоделските практики.

Овој настан претставува значаен чекор кон зајакнување на локалните капацитети и креирање на ефективни политики за поддршка на земјоделството во регионот.

Општина Кочани продолжува активно да работи на развој на иновативно и конкурентно земјоделство преку европска соработка.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ